Најтрофејниот италијански фудбалски клуб, Јувентус, барем на стартот на сезонава покажува зошто го сметаат за главен фаворит за скудетото во Серија А, особено што тимот нема да игра во Европа, туку ќе се фокусира само на домашното првенство.
Старата дама попладнево го порази Лацио со 3-1 и барем привремено е лидер на табелата со 10 бода од четири кола. Душан Влаховиќ даде два и влезе во историјата на Јувентус како прв играч кој две сезони по ред имал по 4 гола во првите 4 кола, а Федерико Кјеза еден гол.
Убав гол даде и Луис Алберто за римските Орли кои засега имаат само три бода.
Фановите на Лацио сметаа дека првиот гол за Јуве требало да биде поништен поради наводен аут кога топката беше во нозете на Американецот Меккени пред тој да додаде и неколку секунди подоцна да падне голот, но судиите гледаа снимка и го признаа погодокот.
Ова е голот со кој Јуве поведе со 1-0:
⚽️ | Il goal di #Vlahovic#JuveLazio #Juventuspic.twitter.com/zviXtwBKtV
— Juventus Buzz (@JuventusBuzz) September 16, 2023