Јувентус ги нуди Дибала и Манџукиќ за Погба?!

Доколку треба да му се верува на „Тутоспорт“ кој е близок со Јувентус, но често објавува шпекулации кои не се оствариле, Јувентус би можел во своите редови да го врати Пол Погба.

Иако има сериозни разлики во барањата на Манчестер и понудата на Јуве околу цената, сепак преминот на Погба во Јуве може да стане реалност во следните часови. Преодниот рок во Англија завршува во 18 часот.

Интерес за Погба има и од Реал Мадрид, но ниту „кралевите“ ниту „старата дама“ не се подготвени да платат колку што бараат „црвените ѓаволи”.

Јуве летово потроши пари за Матајс Де Лихт, а Арон Ремзи, Џиџи Буфон и Адриен Рабио ги зеде бесплатно. Во понудата за Погба ае вклучени двајца играчи на италијанскиот првак, најверојатно Пауло Дибала и Марио Манџукиќ. Ако ова е вистина, сега излегува на виделина каков бил планот на „старата дама“ со Дибала, кој не сакаше да го продаде во Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести