Раководството на Јувентус дупката во буџетот со неиграњето во Лигата на шампионите оваа сезона планира да ја пополни со продажбата на двете најголеми ѕвезди на тимот, Душан Влаховиќ и Федерико Киеза.
За двајцата постои интерес од Премиер лигата и тие ќе бидат продадени доколку биде договорено обесштетувањето. За србинот интерес има од екипата на Челзи, која доколку сака да го доведе во своите редови ќе мора да плати 80 милиони евра. Се споменува и интерес од Реал Мадрид, но овој трансфер во моментов е малку веројатно дека ќе се случи и србинот својата кариера најверојатно ќе ја продолжи на “Стемфорд Бриџ“.
Екипата на Њукасл покажува голем интерес за Федерико Киеза и тој најверојатно ќе оди на “Ст. Џејмс Парк“, но само ако клубот плати 70 милиони евра обесштетување на Јувентус.