Јувентус ги закова „летечките магариња“ на дното

Јувентус лесно го совлада Киево со конечни 3-0 за продолжување на серијата од 20 меча без пораз сезонава во Серија А. „Старата дама“ со 18-тиот триумф одново се врати со предност од +9 во однос на второпласираниот Наполи, екипата од Неапол има 47 бода.

Домаќините, очекувано, уште од стартот тргнаа да постигнат водечки гол, па до него стигнаа само по 13 минути игра, кога Даглас Коста во соло продор од далечина постигна убавец. Пред паузат,а Емре Џан зголеми на 2-0.

Во воведните минути од второто полувреме Јуве доби и најстрога казна, но Кристијано Роналдо не погоди од белата точка. Конечниот резултат го постави Дани Ругани во 84-тата минута од мечот.

Kиево со 11-тиот пораз по 20 натпревари во Серија А стои на последното место на табелата само со осум бода.

https://www.youtube.com/watch?v=aWOUgV2Hzi0

 

 

- Оглас -

Најнови вести