Јувентус го архивира Атлетико, сега на ред се Пандев и Џенова

Јувентус имаше блескава ноќ предводен од феноменалниот Кристијано Роналдо, но од таборот на „тарата дама“ велат дека Атлетико Мадрид оди во архива и веќе се подготвуваат за следниот меч во Серија А.

„Црно-белите“ го декласираа Атлетико со 3-0 и ја анулираа негативата од 0-2 од првиот меч за четвртфинале во Лигата на шампионите. Следен меч за нив е на „Луиџи Ферарис“ против Пандев и соиграчите.

Капитенот на македонската репрезентација знае да блесне против Јуве, а сè уште се памети неговиот гол за Лацио против најтрофејниот италијански клуб, кога мајсторски ја измеша одбраната на „црно-белите“ и го совлада Буфон.

„Веќе мислиме на домашното првенство. Сакаме да ја продолжиме серијата победи и во Серија А, а не чека тежок меч во Џенова. Ме прашувате за Роналдо. Па тој е единствен феномен во светот на фудбалот“, изјави Кансело.

Јувентус ја чека ждрепката во ЛШ во петок, а веќе в недела ќе ја „брани“ серијата без пораз во Серија А во Џенова.

- Оглас -

Најнови вести