Јувентус го договори Џонатан Дејвид, тоа значи и разделба со Душан Влаховиќ

Деновите на Душан Влаховиќ во Јувентус се одбројани, откако за него веќе е доведена замена.

Влаховиќ најверојатно ќе го напушти клубот ова лето, но сè уште е неизвесно во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Најавената замена на Влаховиќ во нападот на Јувентус е Џонатан Дејвид, кој веќе постигнал вербален договор со клубот и како слободен играч ќе потпише повеќегодишен договор.

Се очекува Дејвид да потпише договор вреден 6 милиони евра по сезона, со дополнителни бонуси.

Интересно е дека раководството на Јувентус во исто време преговара и со Виктор Осимен, иако доведувањето на Дејвид е веќе сигурно. Главната цел на клубот е покрај Дејвид да го донесат и Осимен, да го задржат Рандал Коло Муани, а летово да се ослободат од Влаховиќ.

Со ова Јувентус ќе се обиде да го обнови својот напад со нова офанзивна стратегија за претстојната сезона.

- Оглас -

Најнови вести