35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Јувентус го договори најдобриот играч на Ајнтрахт

Италијанскиот гигант Јувентус се договори во своите редови да го доведе Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт. Германскиот тим се согласил да го продаде својот најдобар играч од минатата сезона и тоа за сума од 16 милиони евра, плус бонусите.

Костиќ не отпатува со Ајнтрахт во Хелсинки каде утре ги очекува дуел од Суперкупот на УЕФА против Реал Мадрид. За српскиот репрезентативец кој игра на средината од теренот, интерес покажа и Вест хем, но Костиќ реши кариерата да ја продолжи во Јувентус.

Србинот ќе биде четврто засилување на Јувентус во овој преоден рок, откако претходно дресот на Старата дама го облекоа Пол Погба, Анхел Ди Марија и Желсон Бремер.

- Оглас -

Најнови вести