Јувентус го „краде“ Вајналдум од Барселона?

Јувентус сака да ѝ ги расипе плановите на Барселона околу најавениот ангажман на Џорџио Вајналдум од Ливерпул. Иако во неколку наврати беше најавено дека холандскиот играч за врска веќе има преддоговор со Каталонците, но сè додека нема официјален потпис сите сценарија се можни.

Она што е познато е дека Вајналдум дефинитивно го напушта „Енфилд“ по крајот на оваа сезона, каде што речиси шест години со многу успех го носи црвениот дрес. По освоените титули во ЛШ и Премиер лигата, Вајналдум е во потрага по нов предизвик и засега планот е да му се приклучи на својот поранешен селектор Роналд Куман во Барселона.

Додека ништо не е готово, Бјанконерите ќе се обидат да го премислат, а во редот за преговори чекаат уште ПСЖ и Челзи.

- Оглас -

Најнови вести