23.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Јувентус во своите редови го доведува Карлос Алкарас!

Италијанскиот гигант Јувентус во своите редови ќе го доведе Карлос Алкарас. Не се работи за талентираниот шпански тенисер кој моментално е на второто место на АТП светската ранг-листа, туку за аргентински фудбалер.

Интересно е дека фудбалерот е дури и врсник со славниот тенисер, а сезонава го носи дресот на Саутхемптон во Англија. Алкарас веќе поминал дел од лекарските прегледи во Лондон, а сега се очекува да пристигне во Торино за да се комплетира трансферот.

Првично Алкарас ќе игра за Јувентус како позајмен играч до крајот на сезоната, а потоа Старата дама ќе има шанса да го откупи договорот, и тоа за сума од 40 милиони евра. Алкарас минатата година дојде во Саутхемптон од редовите на аргентинскиот Расинг.

- Оглас -

Најнови вести