Старата дама го има и најгрдиот дрес на планетата (Фото)

Јувентус го има најгрдиот дрес на планетата, а комбинацијата во три бои, жолта, сина и бела, што е резервен дрес на Старата дама, убедливо победи на анкетата на „Футихедлајнс“.

Дури 46 проценти од учесниците во анкетата сметаат дека резервниот дрес на Јувентус има најлош изглед, а зад него се дресовите на Манчестер сити и на Нотингам форест.

Јувентус со оваа комбинација на дрес настапи на дуелот против Удинезе во првото коло во Серија А, а изборот наиде на лавина од негативни коментари.

 

- Оглас -

Најнови вести