3004 Јувентус – Торино (18.00 часот)
Јувентус во ова градско дерби влегува како голем фаворит, Старата дама оди по третата победа по ред во Серија А. Но и Торино е во добра форма, пет кола по ред нема пораз, имаат пет бода помалку од Јуве. Проблем за трофејниот Јувентус е што прима гол на секој меч во последните месец дена. Јуве нема пораз на свој терен сезонава, а Торино има само една гостинска победа. Последниот триумф на Биковите како гости против Бјанконерите, беше пред дури 30 години кога се играше на стадион на кој тогаш и Торино играше како домаќин.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.13)
1135 Сандерленд – Арсенал (18.30 часот)
Арсенал е во голема победничка серија и убедлив лидер на Премиер лигата, но нема да му биде лесно, Сандерленд е четврти на табелата и освои седум бода во последните три кола. Иако е високо пласиран, Сандерленд е прилично неефикасна екипа, со 12 гола на 10 меча, а Топчиите ја имаат најдобрата одбрана со само три примени гола. Арсенал во претходните четири кола победуваа без да примат гол. Проблем за Арсенал се повредите на Ѓокереш, Мартинели, Одегард, па и Хаверц, неизвесен е Зубименди. Ове два клуба осум години немаат играно меѓусебе во Премиер лигата. Последната победа на Сандерленд над Арсенал беше во 2009.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.12)
1378 Атлетико М. – Леванте (18.30 часот)
Тука сензација би било ако гостите останат непоразени. Атлетико има четири победи и едно реми во последните пет кола, додека Леванте е 16-ти и освои само еден бод во последните три кола. Јорганџиите имаат просек од дадени речиси два гола по меч, а Леванте прима речиси по два во просек. Но, Леванте не загубил на гости уште од крајот на август, иако ривалите не му беа на нивото на Атлетико. Плус тоа, Леванте победуваше на последните две гостувања во Мадрид кај Атлетико во 2021 и 2022 година. Ова ќе биде мотив за домашните да продолжат со победи и ефикасни игри.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.06)
1136 Челзи – Вулверхемптон (21.00 часот)
Овие два тима се сретнаа меѓусебе пред десетина дена во Лига купот, и Челзи како гостин победи со 4-3. Волците се најслаб тим во Премиер лигата, имаат само два бода после десет одиграни натпревари. Тие го имаат најнеефикасниот напад и најслабата одбрана во лигата, и според ова, нема што да бараат на „Стемфорд бриџ“ во Лондон. Сините имаат три победи во последните четири кола, а мал проблем може да им биде што пред три дена играа нерешено во Азербејџан и имаа долг пат. Традицијата вели ќе има многу голови, последните четири пресметки им беа со 4+ голови.
Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.45)
1704 Монако – Ленс (21.05 часот)
Монако е петти, а Ленс трети на табелата, па ова е дерби на колото во француската лига. Ленс има само еден нерешен резултат, а Монако две ремија во 11 кола. Кнезовите се тим кој е поефикасен, но има и многу повеќе примени голови од Ленс кој има два бода повеќе. Ленс не игра во Европа и има повеќе време за подготовка. Монако кој пред четири дена победи на далечно патување на северот на Норвешка, во 2023 година последен пат извојува победа дома над Ленс.
Предлог тип: 1Х & ГГ (2.02)

