1006 Манчестер јунајтед – Челзи (18:30)
Манчестер јунајтед игра во катастрофална форма на стартот од новата сезона во Премиер лигата, па по четири гола има само четири бода, додека Челзи освои двојно повеќе, односно осум. На последните три меѓусебни дуели, „црвените ѓаволи“ немаат победа против Челзи, а „сините“ двапати победуваа и една беше нерешено. Последниот меч на „Олд Трафорд“ заврши 1-1, па слична разврска се очекува и на денешното дерби.
Предлог тип: Х2 & 2+ (1.79)
3003 Верона – Јувентус (18:00)
Јувентус има перфектен старт на сезоната во Серија А и победи на сите три натпревари, а она што е интересно, на сите три меча постигнуваше гол во второто полувреме. „Старата дама“ е фаворит за победата и против Верона, екипа против која нема загубено на последните седум меча, односно од 2021 година.
Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.89)
3004 Удинезе – Милан (20:45)
Милан по шокот на првиот меч против Кремонезе, врза две победи, против Лече на гости и Болоња на домашен терен, а вечерва го очекува сериозен противник и гостување кај Удинезе. Сепак, екипата од Милано е во предност и се очекува дека нема да загуби од екипата против која има три победи по ред, од кои две се на гостински терен.
Предлог тип: Х2 & 1+ прво (1.82)
1806 Лајпциг – Келн (18:30)
Она што може да се очекува од мечот помеѓу Лајпциг и Келн се головите. Домашните имаат девет гола на три натпревари или точно три во просек по натпревар, додека на мечевите на Келн оваа сеззона биле постигнати вкупно 12 гола, односно по четири на натпревар. Токму затоа очекувањата се дека ќе се затресат двете мрежи, а голови ќе има и во двете полувремиња. Последниот меѓусебен натпревар на овие две екипи заврши со победа на Лајпциг од 5-1.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.92)
1539 АВС – Бенфика (19:00)
Екипата на АВС нема победено уште од месец мај, кога преку баражот си го обезбеди опстанокот во најквалитетната португалска фудбалска лига. Оваа екипа има само еден бод во новата сезона, а немаше победа ниту на пријателските натпревари пред почетокот на првенството. Токму затоа Бенфика е апсолутен фаворит за победата, а очекувањата се дека тоа ќе го стори со водство и на полувремето, но и со ефикасен фудбал и голови во домашната мрежа.
Предлог тип: 2-2 & 3+ (1.98)