Екипите на Челзи и на Јувентус започнаа преговори со кои би си ги размениле напаѓачите Душан Влаховиќ и Ромелу Лукаку.
Новинарот Џанлука ди Марцио објави дека преговорите меѓу двата тима одат во вистинска насока и лесно може да се случи во следната сезона Влаховиќ да го носи синиот дрес, додека Лукаку црно-белиот на Јувентус.
Сините се подготвени да платат одредена сума пари со оглед дека пазарната вредност на Влаховиќ е поголема од таа на Лукаку. Но, засега барањето на Јувентус доплатата да изнесува меѓу 40 и 50 милиони евра е неприфатливо за Сините.
Влаховиќ во јануари 2022 година пристигна во Јувентус од Фиорентина во трансфер вреден 81,6 милиони евра, но не се снајде најдобро.
Слична е ситуацијата и со Лукаку, Белгиецот во 2021 година за 113 милиони евра пристигна на „Стемфорд бриџ“, но не оправда ниту едно вложено евро во него и минатата сезона ја помина на позајмица во Интер.