Јувентус и Лион ќе го сефтосаат камбекот во Лигата на шампионите на 8 август

Јувентус и Лион на 8 август во Торино ќе го означат враќањето на евросезоната со реванш-мечот во Лигата на шампионите, објави Радио Монте Карло.

Легендарниот медиум што важи и за добро информиран во светот на новинарството го обајви планот на УЕФА што веќе беше познат, но сега и со прецизни датуми за доигрување на мечевите во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.

Планот е на 8 и на 9 август да се одиграат преостанатите четири реванш-дуели во осминафиналето во Лигата на шампионите, а со Јувентус и Лион на осми август би играле и Басрелона и Наполи. Ден подоцна Баерн Минхен ќе го пречека Челзи, а големото дерби меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид ќе се игра истиот ден.

Првите мечеви им припаднаа на Лион, кој го победи Јувентус со 1:0, Сити го надигра и го победи Реал на гостински терен со 2:1, а Баерн е на прагот на четвртфинале по триумфот на „Стемфорд бриџ“ од 3:0. Наполи и Барселона ремизираа 1:1 и Каталонците се во предност на реваншот на „Камп ноу“.

Целиот циклус во ЛШ треба да се доигра во рок од 21 ден, а четвртфиналињата би се играле на 11 и 12 август, резервирани за првите мечеви, и три дена подоцна, кога се предвидени реванш-мечевите.

Во нов циклус од три дена ќе почнат и полуфиналните пресметки, а ќе се играат до 22 август.

Финалето е закажано за 29 август во Истанбул. Веќе се знае дека сите мечеви ќе се играат без присуство на публика.

Планот за Лигата на Европа останува ист како што беше и планирано, а камбекот е закажан за втори и трети август сè до финалето планирано за 26 август во полскиот град Гдањск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести