22.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Јувентус и Милан во трка за Хојлунд

Поранешниот напаѓач на Аталанта, Расмус Хојлунд, наскоро би можел да биде достапен за позајмица во Јувентус или Милан, откако Брајан Мбеумо му се приклучи на Манчестер јунајтед и го финализира својот трансфер од Брентфорд.

Хојлунд ја напушти Аталанта во летото 2023 година и премина во Јунајтед за трансфер вреден над 80 милиони евра. Но, неговите први две сезони на „Олд Трафорд“ беа под очекувањата, постигна 16 гола во сите натпреварувања во првата сезона и 10 во втората.

Во текот на летово, неколку клубови од Серија А се поврзуваа со можно враќање на данскиот репрезентативец. Првично интерес покажа Интер, кој бараше нов напаѓач што ќе им конкурира на Лаутаро Мартинес и Маркус Турам, но на крајот го доведоа Анж-Јоан Бони.

Во поново време, Јувентус и Милан покажаа сериозен интерес за 22-годишниот напаѓач.

Ако Манчестер јунајтед одлучи да го пушти Хојлунд на позајмица, Јувентус и Милан ќе бидат главните фаворити за негов ангажман, особено сега кога пристигнувањето на Мбеумо обезбедува дополнителна длабочина во нападот на Јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести