1301 Хетафе – Валенсија (21.00 часот)
Хетафе е одличен сезонава на домашен терен и на седумте меча е без пораз. Оствари четири победи и три ремија. Моментно има две победи по ред пред своите гледачи, над Алмерија (2:1) и Кадис (1:0). Валенсија три меча е без пораз во Ла Лига, и скокна на десеттото место на табелата. Хетафе славеше на последните три меча против Валенсија кои ги играл пред своите гледачи.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.17)
1951 Галатасарај – Адана (18.00 часот)
Галатасарај води мртва трка со градскиот ривал Фенербахче, и двата тима имаат по 37 бода, и кикс не е опција за најтрофејниот турски тим, посебно кога игра пред своите гледачи. Галатасарај има перфекни шест победи во шест меча на домашен терен и вечерва е голем фаворит против Адана Демиспор која е петта на табелата со 14 бода помалку од вечерашниот противник. Галатасарај славеше на двата меча кои ги играше против Адана на домашен терен во шампионатот (2:0 и 3:2).
Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.88)
1801 Хофенхајм – Бохум (20.30 часот)
Хофенхајм по одличниот старт на сезоната во Бундеслигата, во последно време игра послабо и е во серија од четири меча без победа. Бохум не знае за пораз во последните пет натпревари (две победи и три ремија). Минатата сезона двата тима победија на домашен терен, а вечерва поголемиот број на повредени играчи на Бохум (седум сигурно нема да играат) би требало да го искористи Хофенхајм и да ја прекине серијата без победа.
Предлог тип: 1 & 1+ прво (2.09)
3001 Јувентус – Наполи (20.45 часот)
Новото 15-то коло во Серија А се отвара со големото дерби меѓу Јувентус и Наполи. Јувентус е втор на табелата со 33 бода, додека шампионот е петти со девет бода помалку од Старата дама. Домаќинот не знае за пораз од септември (седум победи и две ремија), додека Наполи загуби убедливо минатиот викенд од Интер со 3:0 и тоа пред своите гледачи. Јувентус и Наполи овој век ниту еднаш не одиграле натпревар без голови во Серија А
Предлог тип: ГГ & 1+ I & 1+ II (2.55)
1537 Бенфика – Фарензе (21.15 часот)
Бенфика откако остана без шанси за пласман во осминафиналето во ЛШ, може да се фокусира на португалскиот шампионат каде го очекува битка за титулата со Спортинг и Порто. Фарензе во минатото коло загуби и ја прекина низата од три победи по ред. На последните три меѓусебни меча кои се играа на „Луж“ беа постигнати дури 15 гола (3:2,3:2,5:0), а Бенфика победила на сите мечеви на домашен терен против Фарензе во историјата.
Предлог тип: 1-1 & 3-6 (2.09)