Јувентус и Наполи шутнаа дури 37 пати, но не се победија

Јувентус и Наполи одиграа нерешено 1:1, во дербито од 20. коло во Серија А. По ова реми, Наполи е со 40 бодови на третото место, а Старата дама има 35 бодови, што сега е доволно за петото место на табелата.

Гостите од Неапол одлично го одиграа првиот дел и имаа повеќе од 10 удари кон голот на Јувентус. Наполи е само вториот тим што на новиот стадион на Јувентус упатил 10 шута кон голот на домаќините, по Лацио на меч одигра во август 2013 година во Торино.

Просечната старост на стартните 11 на Наполи беше 29 години и 355 денови, што е најстариот состав со кој наполитанците излегле на еден меч во Серија А откако се даваат три бода за победа. Добрата игра во првите 45 минути, Наполи ја круниса со погодокот на Мертенс во 23 минута.

Во второто полувреме Јувентус беше подобар, а домаќините успеаа да израмнат, но не и да победат. Кјеза израмни во 54 минута и до крајот немаше промена на резултатот. На крајот статистиката покажува дека Јувентус упати дури 21 шута кон противничкиот гол, додека гостите имаа 16 удари кон голот на Старата дама.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој неодамна беше позитивен на Коронавирусот, во игра влезе во 76 минута и ги одигра последните 15-тина минути за Наполи.

- Оглас -

Најнови вести