Јувентус и официјално се откажа од Суперлигата

Италијанскиот гигант Јувентус, вечерва и официјално се повлече од проектот европска Суперлига кој беше покренат минатата година од 12 екипи.

Старата дама на официјалната интернет страница, вечерва објави дека го започнала процесот на повлекување од Суперлигата, а за во целост да излезат од проектот кој траеше неполни 48 часа е потребна согласност од сите 12 тима кои ја формираа „лигата на богатите“.

Досега од Суперлигата се откажаа сите шест англиски екипи, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Челси, Ливерпул и Тотенхем, италијанските Милан и Интер и шпанскиот Атлетико Мадрид, додека Барселона и Реал Мадрид сè уште се залагаат за формирање на новото натпреварување.

„Јувентус потврдува дека ја започнал постапката за излегување од Суперлигата, но исто така признава дека, според важечките договорни услови, неговото излегување ќе бидат комплетирани и ефективни само доколку претходно се овластени од Реал Мадрид, Барселона и останатите клубови кои беа вклучени во проектот Суперлига“, стои во дел од соопштението на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести