Јувентус и Парма одиграа драматичен меч и покажаа зошто се мајстори за нерешено

Јувентус на свој терен одигра само 2:2 против Парма во меч од 10 коло на Серија А. По ова реми, Старата дама падна на четвртото место на табелата, откако Аталанта со 2:0 ја победи Монца и излезе пред Јувентус.

Според резултатот и шансите, Јувентус може и да биде задоволен од ремито. Парма поведе со гол во третата минута кога погоди Дел Прато, а Меккини израмни на 1:1. Парма не застана и до полувремето постигна и втор погодок и со предност замина на паузата од 15 минути.

Во вториот дел Веа со гол во 49 минута погоди за 2:2, но Јувентус до крајот на мечот не успеа да погоди трет пат. Парма играше отворено, гостите создадоа и неколку шанси за трет погодок, но на крајот остана нерешено.

Јувентус останува единствен тим без пораз сезонава во Серија А, но веќе има шест реми во 10 кола. И за Парма ова беше шесто реми, но овој тим има само една победа во досегашните 10 средби.

- Оглас -

Најнови вести