Јувентус и ПСЖ се очекува да ја оправдаат фаворитската улога, во португалското дерби се очекуваат голови

3001 Јувентус – Емполи (20.45 часот)

Јувентус игра далеку под очекувањата сезонава и дури во 11-тото коло има шанса конечно да врзе две победи во низа во Серија А откако во претходното коло со 1:0 го совлада Торино, а вечерва игра на домашен терен. Противник на Старата дама е Емполи, кој во десет кола има две победи и пет ремија.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, иако не може да смета дури на седуммина повредени играчи, се очекува офанзивно да го започне мечот на „Алијанц арената“ и со евентуална победа да почне да се искачува на табелата.
Во последните 10 меѓусебни натпревари, Јувентус има дури девет победи и само еден пораз.

Предлог тип: 1-1 & 2+(2.40)

 

1536 Порто – Бенфика (21.15 часот)

Вечерва се игра најголемото португалско дерби меѓу Порто и Бенфика. Во последните три години, Порто е многу подобар тим во меѓусебните дуели, има дури седум победи, две ремија и само еден пораз.
Но, Бенфика годинава игра многу подобро од минатите сезони и е единствена која по девет кола нема пораз во португалскиот шампионат. Двата тима пред меѓусебната пресметка се загреваа во Португалскиот куп против нисколигаши, Порто даде шест гола, а Бенфика ги чуваше силите и постигна два гола.

Предлог тип: ГГ (1.68)

 

Серкл Бриж – Шарлроа (20.45 часот)

Колото во белгиската лига го отвораат екипите на Серкл Бриж и на Шарлроа. Двата тима играат во различна форма, Серкл Бриж во последните пет кола има три триумфи и само еден пораз, додека Шарлора има една победа и три порази. Двата тима ги имаат едни од послабите одбрани, имаат примено по 21 гол. За очекување е на овој натпревар да има голови.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.02)

 

1701 Ажаксио – ПСЖ (21.00 часот)

ПСЖ со триумфот во дербито против Олимпик Марсеј минатиот викенд им се врати на победите откако претходно имаше серија од три меча без победа. Светците во 12-тото коло во Лига 1 му гостуваат на Ажаксио, кој се врати во елитната француска дивизија и во 11 меча има по две победи и ремија и седум порази. Иако тренерот Кристоф Галтие има проблеми со повредени играчи, за очекување е и Мбапе и Меси да немаат големи проблеми со дефанзивците на Ажаксио.

Предлог тип: 2-2 & 2-6 (2.11)

 

8421 Анадолу Ефес – Алба Берлин (19.30 часот)

Европскиот шампион Анадолу Ефес не ја започна добро новата сезона во Евролигата и по три кола има само еден триумф. Главна причина за послабите игри на турскиот тим е повредата на најдобриот играч Шејн Ларкин. Од друга страна, Алба Берлин игра фантастично и е една од четирите екипи кои не ја почувствувале горчината на поразот.
Турскиот тим во минатото коло на неверојатен начин загуби од Валенсија на домашен терен со 91:92, додека Алба го прегази Панатинаикос со 94:65. Германскиот тим би требало да му пружи силен отпор на европскиот шампион.

Предлог тип: хендикеп 2 -10.50 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести