Неколку интересни средби се дел од бесплатната понуда на Sport Life, Спортската прогноза. Типувачите веќе го кажаа своето мислење, а оние кои сè уште немаат пополнето Спортска прогноза, имаат шанса да го сторат тоа до сабота во 15:30 часот.
Централен фудбалски натпревар овој викенд е дербито помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул, а дури 57,14% од типувачите предност да победат им даваат на Црвените од „Енфилд“.
Големи проценти за победа имаат и екипите на ПСЖ на гостувањето кај Лил, како и Јувентус, кој на домашен терен го пречекува Милан. Дури 77,55% од играчите предност им даваат на Светците, додека неверојатни 85,17% сметаат дека Старата дама ќе победи на домашен терен.
Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.