Јувентус и Севилја одат по прва победа во ЛШ

1017 Мидлсборо – Бирмингам (20.45 часот)

Мидлсборо лошо ја започна сезоната и по 11 кола се наоѓа во долниот дел од табелата во Чемпионшип дивизијата. Бирмингам во последните четири натпревари оствари две победи и двапати играше нерешено, но повредите му создаваат големи проблеми на тренерот Џон Јустејс. За очекување е домаќините кои ќе настапат со најсилниот состав уште од првата минута да тргнат офанзивно.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.14)

6009 Салцбург – Динамо Загреб (18.45 часот)

Ова ќе биде прв натпревар меѓу Салцбург и Динамо од 2016 година, кога хрватскиот тим го елиминира австрискиот шампион во квалификациите за групната фаза во ЛШ. Салцбург на последните четири натпревари одигра нерешено, а сите средби завршија со идентични 1:1. Двапати ремизираше во австриската Бундеслига и во ЛШ против Милан и Челзи.
Динамо во првото коло го шокира Челзи, а во второто успеа да постигне гол на гостувањето кај Милан. За очекување е двете екипи да играат офанзивно и на гол повеќе.

Предлог тип: ГГ3+ (2.21)

6015 Севилја – Борусија Дортмунд (21 часот)

Севилја игра очајно на стартот од сезоната, а по две кола во Лигата на шампионите, сè уште нема постигнато гол. Тренерот Хулен Лопетеги се наоѓа под голем притисок и евентуален неуспех вечерва може да му донесе отказ, па поради тоа, за очекување е да тргне офанзивно од првиот свиреж на судијата. Борусија Дортмунд има големи проблеми со повредите, дури осуммина играчи нема да бидат во комбинација за настап вечерва, а меѓу нив се Ројс, Рејна, Дауд, Хумелс.

Предлог тип: 1Х & 2-5 (2.30)

6016 Јувентус – Макаби Хаифа (21 часот)

Италијанскиот тим вечерва ќе ја брка првата победа во ЛШ против Макаби Хаифа.
Јувентус разочара во првите два натпревари против ПСЖ и Бенфика и Макаби им е идеален противник за да ја прекинат црната серија без триумф, како и да ги освојат првите бодови во ЛШ. Победата над Болоња во Серија А е најава за подобри денови на италијанскиот тим.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.35)

6012 Бенфика – ПСЖ (21 часот)

Во дуелот на првопласираните екипи во групата Х, ПСЖ е голем фаворит против Бенфика. Светците предводени од триото Мбапе, Нејмар и Меси, играат одлично сезонава и важат за едни од главните фаворити за триумф во ЛШ, па за очекување е таа улога да ја оправдаат вечерва во Лисабон.

Предлог тип: 2 & Т2 2+ (1.93)

- Оглас -

Најнови вести