Јувентус и Сити зависат сами од себе, Нови Пазар брка историски пласман во Европа (Фото)

1110 Фулам – Манчестер сити (17:00)

На Манчестер сити потребен му е само бод за да го потврди местото во Лигата на шампионите за следната сезона, а тоа треба да го направи на гостувањето кај Фулам, кој е во златната средина на табелата и може да игра опуштено. „Граѓаните“ имаат неверојатни 17 победи по ред против Фулам, а последен пат не успеале да победат во 2012 година, кога одигра 2-2 на гостински терен.

Предлог тип: Х2 & 3+ (1.85)

 

1310 Атлетик Билбао – Барселона (21:00)

Атлетик Билбао и Барселона играат меч без резултатско значење, па дуелот во Баскија ќе биде само за престиж. Тренерите на двете екипи ќе може да комбинираат со составот, па она што може да се очекува се головите и тоа во двете мрежи. „Каталонците“ на последниот меч загубија дома од Виљареал со 2-3, а на последните седум натпревари, само еднаш ја сочуваа мрежата чиста.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.65)

 

3006 Лацио – Лече (20:45)

Доколку Лацио сака следната сезона да игра во европските фудбалски купови, ќе мора на домашен терен да го победи Лече, што за гостинот може да значи и испаѓање од Серија А. Екипата од Рим е шесттопласирана со 65 бода и на позиција која носи пласман во Конференциската лига, но може да напредува и до место во Лигата на Европа или Лигата на шампионите. Сепак, првиот услов кој мора да го исполни за такво нешто е да го победи Лече.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.73)

 

3010 Венеција – Јувентус (20:45)

Наполи, Интер и Аталанта се сигурни учесници во Лигата на шампионите за следната сезона, а четвртиот претставник на Италија најверојатно ќе биде Јувентус, но за такво нешто треба да ја победат Венеција на гости. „Старата дама“ е во пол-позиција со 67 бода и зависи сама од себе, па резултатите од другите натпревари нема да ги интересираат, доколку слават кај Венеција и ја испратат во Серија Б.

Предлог тип: 2 & Т2 2+ (1.86)

 

3136 ОФК Београд  – Нови Пазар (19:00)

Во Србија нема неизвесност за титулата, но затоа ќе има возбудувања во борбата за излез во фудбалска Европа. ОФК Београд воскресна и од комплетен колапс се врати од Третата лига во Супер лигата, но пред еден месец остана без лиценца за настап во Европа, па третата позиција нема многу да им значи, а тоа отвора простор за петтото место. За таа позиција во игра се неколку екипи, но во пол-позиција е Нови Пазар, кој со евентуална победа над ОФК Београд ќе го потврди историскиот прв пласман на меѓународна сцена.

Предлог тип: 2 (2.40)

- Оглас -

Најнови вести