Јувентус минимално со 1:0 славеше над Фиорентина во меч од 22. коло во Серија А, а стрелец на единствениот гол е Адриен Рабиот во 34 минута. Интересно е дека Рабиот погоди со глава, но топката воопшто не ја затресе противничката мрежа. Голманот на Фиорентина се обиде да одбрани, ја исфрли топката во поле, но сепак тоа беше прекасно затоа што гол-линија технологијата покажа дека е погодок.
Во вториот дел, гол постигна и Влаховиќ, но тоа не беше доволно за 2:0 затоа што ВАР системот покажа дека имало офсајд.
Susan Vlahovic's disallowed goal vs Fiorentina.
It's still 1-0 for Juve.https://t.co/2lTwBosvgb— $ (@samirsynthesis) February 12, 2023
Пред крајот на средбата, гостите постигнаа гол, но ВАР системот покажа дека имало офсајд и навивачите на Јувентус се радуваа на победата. Со овие три бода Јувентус стигна со 29 бодови и се искачи на деветото место на табелата. Тоа значи дека Старата дама и покрај тоа што 15 бодови ѝ беа одземени, повторно е во горниот дел од табелата.