Јувентус и Влаховиќ не можат да се договорат поради Лаутаро

Преговорите помеѓу Јувентус и Душан Влаховиќ не одат според очекувањата, двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката, а според медиумите виновник за тоа е напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинес.

Според „Кориере дело Спорт“, Јувентус сака Влаховиќ да потпише нов двегодишен договор со Старата дама и да остане во Торино до 2028 година, но засега непремостлива пречка претставува платата на напаѓачот.

Јувентус на Влаховиќ му нуди 16 милиони евра за нов двегодишен договор, но напаѓачот ја одбил понудата и бара да биде подеднакво платен како и Лаутаро Мартинес, да има плата од 10 милиони евра по сезона.

Доколку не најдат заеднички јазик до крајот за сезоната, според весникот, Јувентус ќе го стави Влаховиќ на трансфер листата.

- Оглас -

Најнови вести