Фудбалерите на Јувентус ја забележаа и втората победа по заминувањето на Игор Тудор, па откако го совладаа Удинезе (3-1), победија и против Кремонезе на гости со 1-2.
Костиќ и Камбијасо беа стрелци на головите, но легендарниот Џејми Варди погоди за домашните во 83-тата минута и го направи финишот од мечот неизвесен.
„Старата дама“ со оваа победа дојде до 18 бода, четири помалку од лидерот Наполи.

