Јувентус има 123 години историја, а тоа што го направи Роналдо се случува за прв пат

Кристијано Роналдо за само една и пол година успеа да постави рекорд кој не успеал да го направи ниту еден друг играч во историјата на Јувентус. Португалскиот виртуоз даде гол на гостувањето кај Верона, што се покажа како рекорден. Тоа беше 10-ти меч по ред во Серија А, на кој Роналдо се запишува во листата на стрелците.

Во 123-годишната историја на клубот, никогаш досега немало играч на Јувентус кој погодувал на 10 средби по ред. Досегашниот рекорд го држеше Давид Трезеге, кој прецизно стрелаше на девет дуели во низа.

За жал на Јувентус, рекордот на Роналдо не беше зачинет со победа. Верона во последните 15 минути успеа да даде два гола и да направи голем пресврт против фаворитот. Голот на Роналдо може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести