Јувентус има добар план како да го задржи незадоволниот Кристијано

Според „Тутоспорт“, кој е медиум близок на Јувентус, најтрофејниот италијански клуб летово ќе се обиде да го ангажира Зинедин Зидан за тренер и со тоа да го задоволи Кристијано Роналдо и да го убеди да остане бидејќи вака, без шанси за освојување на Лигата на шампионите и со неуспех во Серија А, португалската ѕвезда не сака да остане во Јуве.

Роналдо додека играше за Реал Мадрид, со Зидан како тренер, трипати по ред ја освојуваше ЛШ и затоа во Јуве ќе се обидат за тренер да го донесат нивниот некогашен играч.

Јувентус планира да се раздели со Андреа Пирло, а Зизу им е прв на листата на желби. Проблем е што Зидан има договор со Реал до 2022 година и има годишна плата од 12 милиони евра, плус три за бонуси, а Јуве може да му понуди само малку повеќе од половина од таа сума.

 

- Оглас -

Најнови вести