Остануваат малку помалку од 24 часа до почетокот на 18-тото коло на бесплатната игра на Sport Life и Спорт Манија, Спортска прогноза, а прогнозерите за поголем дел од натпреварите имаат јасни фаворити.
Колото е супер интересно и предизвикувачко бидејќи има три големи дерби-пресметки, во Премиер лигата играат Арсенал и Ливерпул, во Серија А се игра Дербито на Италија меѓу Интер и Јувентус, а во Ла Лига се игра Ел Мадрилењо, дуелот меѓу Реал и Атлетико.
Прогнозерите засега најмногу му веруваат на Реал Мадрид, дури 69,63 отсто сметаат дека ќе слави против Атлетико Мадрид, кому пак засега му даваат само 8,46 отсто шанси.
Лидерот во Серија А, Интер, ја има довербата од 53,66 отсто од прогнозерите, додека во второпласираниот Јувентус веруваат 13,44 отсто, а 32,90 отсто од прогнозерите сметаат дека нема да има победник во Дербито на Италија.
Прогнозерите имаат мала доверба во лидерот во Премиер лигата, Ливерпул (25,74 отсто), кој без клучни играчи како Салах, Александер-Арнолд и Робертсон му гостува на Арсенал, за кого 39,62 отсто од прогнозерите сметаат дека ќе победи. Голем е процентот дека натпреварот може да заврши без победик (34,64 отсто).
Во француската Лига 1 исто така ќе се играат дерби-дуели меѓу поранешните шампиони, Олимпик Лион и Олимпик Марсеј. Многу поблиску до победата е тимот од Марсеј, во кого веруваат 49,04 отсто од прогнозерите, додека на домаќинот му даваат 22,25 отсто за победа.
Прогнозерите имаат свои фаворити и на останатите натпревари, 69,11 отсто сметаат дека Тотенхем ќе слави на гостувањето кај Евертон, а голем е процентот за победа на Бохум над Аугсбург (63,87 отсто), на Штутгарт над Фрајбург (61,17 отсто), на Осасуна над Селта (66,49 отсто).
За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!