Јувентус има нов малцински акционер во криптокомпанијата „Тетер“, чии основачи се и навивачи на Старата дама. Еден од нив, Паоло Ардоино, даде интересна изјава во која вели дека компанијата има пари да го финансира клубот во следните 2000 години.
„Ова беше процес кој траеше извесен период, можеби неколку месеци, во кој купивме акции. Сè уште сме мал играч. Ќе бидам искрен, сакаме да му помогнеме на сегашното раководството. Не ја исклучувам можноста еден ден да станеме и спонзори на Јувентус, но во моментов не би знаел да ви кажам под кои услови. Ова не го правиме за реклама. Минатата година ја завршивме со добивка од 13,7 милијарди евра. Имаме финансиски капацитет да го финансираме Јувентус во следните 2000 години“, рече Ардоино.