1120 Фулам – Манчестер јунајтед (17.30 часот)
За Фулам ова е прв домашен меч во новата сезона, во првото одиграа 1-1 со Брајтон, додека Црвените ѓаволи од Манчестер загубија дома од Арсенал со 0-1. Гостите се фаворити за победа, но квотата за двојка е над 2.00. Во минатата сезона Јунајтед двапати го победи Фулам со по 1-0, но лондонскиот тим во март на пенали го исфрли Манчестер од ФА купот. Традицијата е на страна на гостите, Фулам дома не го победил Манчестер ј. уште од 2009 година, а последен пат било нерешено пред 21 година.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)
1809 Б. Менхенгладбах – Хамбургер (17.30 часот)
Ова е дуел на некогашни гиганти на европскиот фудбал, но славните денови се далеку во минатото, сега е пресметка на просечен бундеслигаш и повратник во германската елитна лига. Минатиот викенд двата тима тешко победија против нисколигаши во Купот, а ова е друг тип на мотивација. Хамбургер не се прослави во подготвителниот период, затоа домашните важат за фаворити. Вчера и завчера на сите мечеви имаше барем два гола во првите полувремиња и 3+ голови на крај, а само еден меч заврши нерешено.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.60)
1708 Лил – Монако (20.45)
Лил и Монако во првото коло од новата сезона во француската Лига 1 дадоа по три гола, но Лил и покрај ефикасноста, не успеа да победи. Кај Монако повторно не се очекува да дебитираат звучните принови Погба и Ансу Фати, но и реновираниот тим на Лил не е комплетен. Лил ретко губи дома, последен пат во март, а последната победа на Монако во Лил беше во 2022 година. На последните пет нивни пресметки во Лил, секогаш имало барем два гола.
Предлог тип: GG & 1+I (1.85)
3008 Јувентус – Парма (20.45 часот)
Јувентус би требало со победа да ја почне сезоната во Серија А, Парма им е противник по мерка за такво нешто. Старата дама на последните четири контроли даваше по два гола, а Парма пред една недела мораше да игра и Куп меч против Пескара кој го доби со 2-0. Во минатата сезона, Јуве не успеа да ја победи Парма, во Торино беше 2-2. Парма 14 и пол години не знае за триумф на гости кај најтрофејниот италијански клуб.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.21)
1308 Овиедо – Реал Мадрид (21.30 часот)
Тимот од провинцијата Астурија е повратник во шпанската лига и веднаш на првиот домашен меч имаат спектакл, после 20 и нешто години пауза, на нивниот стадион повторно гостува големиот Реал Мадрид. Овиедо сезонава ја отвори со пораз од 0-2 од Вилјареал, додека Реал одвај го разби бункерот на Осасуна и победи со 1-0 со гол од пенал. Мотивацијата кај Овиедо ќе биде огромна, само прашање е дали таа еуфорија ќе ја искористат во позитивна или негативна насока. Секако гостите се фаворити, пред 27 години беше нивниот последен пораз на стадионот во Овиедо.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.00)