18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Јувентус само еднаш победи во последните 10 меча со Милан, сега само 12 отсто од прогнозерите веруваат во триумф на Старата дама

Еден од најголемите дерби-дуели во италијанската Серија А, меѓу Милан и Јувентус, ќе се игра викендов и е дел од понудата на седмото коло на Спортска прогноза. Традицијата вели дека на последните 10 средби на овие два трофејни тима, многу подобар е Милан. Росонерите имаат четири победи, пет меча завршиле нерешено, а Јувентус само еднаш се радувал по 90 минути игра.

Една победа во 10 меча е само 10 отсто успешност на Јувентус против Милан, па можеби затоа и не чудат и резултатите од досегашните фиксови на прогнозерите, каде што само 12 отсто очекуваат Старата дама да се радува на три бода во неделното дерби. Доверба на Милан му даваат над 54 отсто, а 33 отсто се за нерешено.

Освен ова дерби, во понудата на Спортска прогноза има уште 12 средби од Топ 5 лигите во Европа. Главна мисија на сите прогнозери е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно перфектно да ги погодат сите 13 фикса на понудените средби. Со погодени 13 меча, прогнозерот може да си одбере еден од подароците (Смарт Тв самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5) како подарок за успешните прогнози.

За 12 погодени натпревари се добива вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека 11-ка вреди ваучер од 500 денари. Едноставно нема што да се загуби на бесплатната Спортска прогноза, а може да се добијат убави подароци.

- Оглас -

Најнови вести