Јувентус инсистира на продажбата на Влаховиќ, а веќе се знае и неговата замена во Торино

Екипата на Јувентус оваа сезона нема да игра во Лигата на шампионите и за да ја надополни финансиската загуба подготвен е да го продаде Душан Влаховиќ. Србинот во Торино пристигна пред една ипол година од Фиорентина за 82 милиони евра.

Раководството на “старата дама“ се надева дека оваа сума ќе биде надмината и ќе може да заработи на трансферот, а интерес за Влаховиќ има од Арсенал и Челзи, а повремено се спомнува и Баерн Минхен.

Истовремено веќе е познато кого ќе донесе Јувентус на местото на српскиот репрезентативец. Планот е да биде ангажиран данецот Расмус Хојлуд кој имаше одлична сезона во дресот на Аталанта, а неговиот трансфер би бил далеку поефтин од тој на србинот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести