7.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Јувентус испратил понуда за Жан-Филип Матета

Италијанскиот калчолигаш Јувентус испратил понуда до Кристал палас за евентуално ангажирање на Жан-Филип Матета овој месец, пренесува „Скај Италија“. Понудата изнесува 35 милиони евра, но според информациите, таа не ги задоволува Англичаните, кои бараат меѓу 55 и 60 милиони.

Лучано Спалети лично дал зелено светло за трансферот на напаѓачот, чии квалитети многу ги цени.

Јувентус бара долгорочна замена за Душан Влаховиќ, кој сигурно ќе го напушти клубот налето, но раководството би сакало Матета да пристигне уште сега. Дури и ако не се постигне договор во зимскиот преоден рок, Старата дама повторно ќе се обиде да го донесе Французинот во летниот преоден рок.

„Скај спорт“ тврди дека и Манчестер јунајтед внимателно го следи Матета, но клубот од „Олд Трафорд“ нема намера да прави обид за негово ангажирање во јануари.

Договорот на Матета со Кристал палас е важечки до јуни 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести