Јувентус ја доби првата битка за опстанок во Серија А – Луис Суарес мамел на своја рака

Јувентус нема да биде казнет за случајот со наместениот тест за познавање на италијанскиот јазик на Луис Суарес, скандал што ја тресеше Чизмата лани.

Специјален обвинител од Фудбалската федерација на Италија долго го истражуваше случајот и денеска објави дека нема цврсти докази за вмешаност на Јувентус.

Луис Суарес полагаше тест за познавање на италијанскиот јазик, лани летото за да може да потпише договор со Старата дама, а потоа на факултетот во Перуџа беше откриено дека Уругваецот ги имал однапред добиено прашањата за тестот.

Целата ујдурма влијаеше Суарес да не биде нов член на Јувентус и потоа од Барселона како слободен агент се пресели во Атлетико Мадрид.

Денеска е објавено дека Јувентус нема да биде казнет, иако случајот не е комплетно затворен и сè уште се чекаат документи од Јавниот обвинител во Перуџа.

Старата дама е под закана за преселба во понизок ранг на натпревари поради сомнителни трансфери, но сега успеа да ја преживее првата битка за продолжување на прволигашкиот статус во Италија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести