Јувентус ја одреди цената за Роналдо, Португалецот само како тинејџер беше поефтин

По разочарувачката сезона во Лигата на шампиони, Јувентус се подготвува да го продаде Кристијано Роналдо. Според пишувањата во италијанските медиуми, челниците на Старата дама се подготвени да го продадат Роналдо и тоа за сума од само 29 милиони евра.

Роналдо во Јувентус дојде за 100 милиони евра, но може да си замине многу поефтино за да донесе заштеда во буџетот на клубот. Португалецот е убедливо најплатениот играч во Јувентус и со негово заминување ќе се олесни финансиската ситуација. Ова е трета сезона на Роналдо во италијанскиот првак.

Веќе се шпекулира дека Пари Сен Жермен ќе биде клубот кој без двоумење ќе ги плати бараните пари за Роналдо, а францускиот шампион има финансиска моќ да му даде и добра плата на Португалецот. Роналдо во кариерата има направено три трансфери и само еден бил помал од сегашните барани 29 милиони евра.

Манчестер јунајтед плати 15 милиони евра за да го купи од Спортинг, а потоа го продаде за 94 милиони евра во Реал Мадрид. Кралскиот клуб го имаше Роналдо во своите редови девет сезони, па го продаде во Јувентус за 100 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести