Фудбалерите на Јувентус во 28-то коло во Серија А, ја остварија 18-та победа, а седма со резултат 1:0.
Последна жртва на Старата дама е Верона која е совладана благодарение на голот на Моисе Кин во 56-та минута.
Јувентус поради казната со која остана без 15 бода, се наоѓа на седмото место на табелата со 44 бода, три помалку од Рома која е шеста, четири помалку од позицијата која носи пласман во Лигата на шампионите и ја држи Милан.