Јувентус ја сопре серијата победи на Рома (Видео)

Фудбалерите на Рома и на Јувентус ремизираа 1:1 во дербито на 31 коло во италијанската Серија А. До овој меч, Рома имаше серија од седум победи по ред во домашното првенство.

Јувентус водеше на полувреме благодарение на голот на Локатели во 40 минута.

Рома покажа зошто се наоѓа во најдобра форма во Топ 5 лигите во моментов и во второто полувреме тргна многу поофанзивно. На полувреме во игра кај Рома влезе Шомудоров, а само четири минути подоцна, токму овој играч погоди за 1:1.

Јувентус сега има 56 бодови и е на петото место на табелата, додека Рома е со 53 бодови што е доволно за седмата позиција во моментов.

- Оглас -

Најнови вести