Екипата на Јувентус е освојувач на Купот на Италија откако во финалето на стадионот „Олимпико“ во Рим минимално со 1:0 ја победи Аталанта. Херој на Старата дама е Душан Влаховиќ, кој е стрелец на единствениот гол.
Српскиот репрезентативец одлично се снајде кога уште во четвртата минута погоди за 1:0 и тој момент на крајот се покажа како клучен за нов трофеј на Јувентус.
За Јувентус ова е 15-ти трофеј во Купот на Италија, со што само потврдува дека е најуспешен во ова натпреварување. Аталанта остана само на еден трофеј во Купот освоен во далечната 1963 година.