Аталанта повторно покажа голем фудбалски квалитет и тимски дух, а вечерва бергамашите анулираа негатива од 0:2 и со чудесен пресврт победија со 3:2.
Лидерот Јувентус најмногу се радува на овој резултат, а Старата дама иако денеска не играше, најмногу ќари од исходите на дуелите на коишто играа нејзините конкуренти.
Интер не успеа да го победи Сасуоло и ремизираше 3:3, а Лацио иако поведе само по 11 минути игра против Аталанта, на крајот патува за Рим со празни раце.
Холанѓанецот Мартин де Рон со автогол во петтата минута ги израдува гостите, а потоа блесна Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Српскиот репрезентативец со вистинска бомба во 11-тата минута ја дуплираше предноста на Лацио, но и тоа не беше доволно за успех.
https://twitter.com/Smiley_1932/status/1275882278321881096?s=20
Играчите на Аталанта беа упорни и со голот на Госенс намалија на 1:2, резултат со кој заврши првото полувреме.
Со нов еврогол на мечот, Малиновски израмни на 2:2 во 66-тата минута, а пресвртот го комплетираше Паломино со погодок во 80-тата минута.
https://twitter.com/Orli1983/status/1275899958911254530?s=20
Во вториот меч вечерва од 21.15 часот, со кој се комплетираше 27-мото коло во Серија А, Рома ја победи Сампдорија со 2:1, исто така со пресврт.
одиграа нерешено против кандидатот за титулата, Лацио.