Јувентус ќе бара да се преигра мечот со Интер поради скандал поврзан со судијата!?

Интер синоќа го освои Суперкупот на Италија откако по големата драма, со 2:1 славеше над Јувентус во меч кој траеше 120 минути. Алекс Санчес беше херојот на Нераѕурите постигнувајќи гол буквално во последните секунди од продолжението и не дозволи да има дополнителна драма на пенали.

Мечот немаше никакви спорни моменти, но потоа се случи хаос, а во главна улога се најде судијата Даниеле Довери, кој ја делеше правдата. Довери бил фотографиран на аеродромот како носи торбица со знакот на Интер, што посебно ги иритираше фановите на Јувентус.

Некои шпекулации одат дотаму дека од Јувентус ќе бараат да се преигра дуелот од Суперкупот, иако во текот на сите 120 минути на теренот во Милано двете екипи немаа забелешки на судијата Довери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести