Јувентус ќе го подигне деветиот трофеј во низа, но кои се клубовите во Европа со најмногу титули по ред?

Ниту еден клуб никогаш во Топ 5 лигите во Европа немал доминација како што сега покажува Јувентус во Италија. Старата дама е само на една победа од официјална одбрана на титулата во Серија А. Тоа ќе биде девета сезона по ред, трофејот да заврши во витрините на гигантот од Торино.

За да има шампионско славје на стадионот на Јувентус, домаќинот вечерва треба да ја победи Сампдорија. Во последните 10 меча на овие два тима, секогап имало победник, а Јувентус се радувал дури осум пати. Кога сезонава игра на „Алијанц стадион“, Јувентус има 15 победи и две нерешени без пораз. Едноставно Јувентус ги има сите предуслови да стигне до рекордната девета титула во низа.

Во Топ 5 лигите, најблиску до Јувентус е Баерн Минхен. Најтрофејниот германски клуб има осум титули во низа и таа серија е уште активна. Баерн низата ја започна од 2013 година и трае до денес, додека Јувентус беше шампион и во 2012 година и затоа е апсолутен првак.

Сепак, ако се гледа историјата во европските првенства има подолги низи од ваа на Јувентус. Апсолутни рекордери по бројот на освоени титули по ред се Сконто Риго во Летонија и Линколн ред во Гибралтар. Овие два клуба успеале по 14 пати едноподруго да бидат шампиони во своите земји, но нивните низи веќе се завршени. Ако се погледат петте клуба со најмногу титули во првенствата, ќе забележите дека тие серии не се активни, што значи дека Јувентус има отворена позиција да атакува и на тие рекорди.

Најмногу титули во низа во европскиот фудбал:

14    Сконто Рига во Летонија (1991-2004)

14    Линколн Ред во Гибралтар (2003-2016)

13    Розенборг во Норвешка (1992-2004)

13    БАТЕ Борисов во Белорусија (2006-2018)

11    Динамо Загреб во Хрватска (2006-2016)

 

- Оглас -

Најнови вести