28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Јувентус ќе го продолжи престојот на Коло Муани во Торино

Јувентус е на чекор до договор со ПСЖ за продолжување на престојот на Рандал Коло Муани во Торино, пренесуваат италијанските медиуми.

Старата дама испратила понуда што дури ги надминува барањата на европскиот шампион, 10 милиони евра за едногодишна позајмица и задолжителен откуп следното лето за 50 милиони евра.

Францускиот репрезентативец, чиј договор со ПСЖ важи до јуни 2028 година, веќе го носеше дресот на Јувентус минатата пролет како позајмен играч. За кратко време остави одличен впечаток со 10 погодоци и три асистенции, поради што италијанските медиуми го опишаа како вистински пример за „модерна деветка“.

Иако интерес покажаа и клубови како Манчестер јунајтед, Коло Муани инсистира да остане во Јувентус, каде што се чувствува како клучен дел од проектот на Игор Тудор.

- Оглас -

Најнови вести