Јувентус ќе му даде нов договор на Игуаин

Аргентинскиот напаѓач на Јувентус, Гонзало Игуаин ќе добие нов договор од италијанскиот првак. Актуелниот договор на Игуаин со Старата дама е до јуни 2021 година, а се очекува новата соработка да биде продолжена за уште две сезони.

Популарниот Ел Пипита дојде во гигантот од Торино во 2015 година. Откако не се снајде најдобро, беше даден на позајмица во Милан, а потоа и во Челзи, каде тренер беше Маурисио Сари. Со Сари како тренер, Игуаин одлично играше во Наполи, добро се покажа и во Челзи, а сега кога Сари застана на чело на Јувентус, повеќе од сигурно е дека напаѓачот ја има целосната доверба од тренерот.

 

- Оглас -

Најнови вести