Јувентус го купи Душан Влаховиќ од Фиорентина за 83,5 милиони евра само пред три години. Неговиот договор со Старата дама истекува следното лето и нема да биде продолжен, а тоа значи дека Србинот ќе биде продаден со „попуст“.
Милан веќе преговара за неговото купување, а висината на трансферот ќе изнесува околу 20 милиони евра, и тоа со дополнителните бонуси. Според италијанските медиуми, Влаховиќ немал ништо против да се пресели на „Сан Сиро“, па останува да само да се договори за личните услови и овој трансфер да биде реализиран.
Влаховиќ потекнува од академијата на Партизан, а Фиорентина го купи за 3,2 милиони евра во 2018 година.