Јувентус ќе му го раскине договорот на Погба, а позната е и неговата замена во дресот на Старата дама

На големо изненадување на сите, фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, падна на допинг-тестот и во моментов тој е суспендиран до конечна одлука. Ваков чекор презеде и Јувентус, кој го суспендира на неодредено време и нема да му исплаќа плата сè до добивањето на резултатите од вториот тест. Доколку и тој биде позитивен, тогаш неговиот договор ќе биде раскинат.

Раководството на клубот веќе ја има пронајдено неговата замена, но ќе мора да чека до преодниот рок во јануари за да го ангажира. Се работи за фудбалерот на Арсенал, Томас Парти.

Јувентус во репрезентативецот на Гана гледа соодветна замена за Погба, а овој фудбалер беше пред трансфер во Торино и ова лето, но Старата дама не успеа да го ангажира.

- Оглас -

Најнови вести