Пол Погба доживеа тежок удар за неговата фудбалска кариера, откако доби четиригодишна суспензија откако беше позитивен на допинг тест. Оваа суспензија значи дека Погба уште долго нема да го гледаме на теренот, а и кога ќе му заврши суспензијата, тешко дека ќе има гигант кој ќе сака да го види во своите редови.
Суспензијата го дочека Погба како играч на Јувентус, тим со кого Французинот има договор до јуни 2026 година. Од италијанскиот гигант сега подготвуваат план за раскин на договорот со Погба, затоа што тој сигурно нема да смее да го облече нивниот дрес до крајот на договорот што го има.
Весникот „Газета дело Спорт“ открива дека со раскин на договорот на Погба, Јувентус ќе заштеди 30 милиони евра кои фудбалерот треба да ги заработи според договорот што ги има.
За Погба ова е втор „мандат“ во Јувентус, клуб со кој има освоено четири титули во Серија А, два пати се радувал на титулите во Купот на Италија и три пати на Суперкуп трофејот.
Вкупно има 190 настапи за Јувентус во кои има 34 погодоци и 41 асистенции.