Јувентус ќе плати 18,5 милиони евра за фудбалер од најслабиот тим во Германија

Јувентус реши да го откупи договорот на Вестон Мекени од Шалке, кој сезонава игра како позајмен играч во редовите на италијанскиот првак. Играчот за врска се наметна со своите игри и тоа е доволно за челниците на Старата дама да ја активираат клаузулата вредна 18,5 милиони евра.

Младиот 22-годишен Мекени одлично се снајде во средниот ред на Јувентус и сезонава во 29 меча има пет голови и две асистенции. одигра вкушно 1663 минути.

Според проценките, вредноста на Мекени во моментов е околу 25 милиони евра, а Јувентус ќе го купи за 18,5 милиони евра. Шалке сезонава игра очајно и е убедливо најслаб тим во Бундеслигата со само девет освоени бода од 23 кола. Освен играчката криза, Шалке е и во финансиска криза, па сигурно ќе мора да го продаде Мекени.

 

- Оглас -

Најнови вести