Јувентус утре ја отвора новата сезона во Лигата на шампионите со гостување кај Динамо Киев во првото коло од групната фаза.
Бјанконерите ќе имаат тешка задача со позитивен резултат да тргнат во новото издание на натпреварувањето, а Андреа Пирло ќе има прилика да се сретне со својот прв тренер од фудбалската кариера, Мирчеа Луческу.
Фудбалерите на италијанскиот првак треба да бидат среќни што за момент ќе се навратат на „нормалното“, ќе играат пред полни трибини како што беше пред да се појави пандемијата со корона-вирусот.
На Олимпискиот стадион во Киев се очекуваат околу 20.000 навивачи, или 30% од капацитетот на стадионот, па така Старата дама ќе игра под нормални услови, што засега е незамисливо во Италија.