-1.2 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Јувентус ќе се засили со фудбалер од Премиер лигата?!

Италијанскиот репрезентативец, Сандо Тонали, веќе две ипол сезони настапува во Премиер лигата за екипата на Њукасл, но сега се чини дека е блиску до враќање во Серија А.

Јувентус е сериозно заинтересиран за 25-годишниот фудбалер кој настапува на позицијата последен играч за врска, а трансферот може да се случи уште во јануарскиот преоден рок.

Тонали има договор со Њукасл до 2028 година, а неговата вредност во моментов изнесува 75 милиони евра. Сепак, останува нејасно дали „старата дама“ ја има оваа сума за да го купи или најпрво ќе се обиде да го донесе на позајмица до крајот на сезоната.

Италијанецот во својата кариера, освен за Њукасл, настапуваше и за Бреша и Милан, од каде летото 2023 година беше продаден за 60,8 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести